
Ана Бекута се огласи за концертот во Пула: Ѓубрето не може да биде српско или хрватско
Српската пејачка на народна музика, Ана Бекута се огласи на социјалните медиуми откако градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ го забрани концертот на којшто требаше да настапат таа и нејзините колеги Душко Кулиш, Драган Којиќ – Кеба и Зорана Миќановиќ. Спорниот концерт требаше да се одржи на 25 март, во Спортскиот центар во Пула.
Препорачано
Причината за оваа одлука е бидејќи градоначалникот не бил задоволен од типот на музика (турбофолк) којашто ја изведуваат овие изведувачи, објави „Глас Истре“.
„Во последните 40 години, јас сум била на летување во Истра барем десет пати. Тоа е така бидејќи, како што велат моите пријатели, јас имам вкус. Според мене, Истра е еден од најубавите региони во нашата поранешна држава. Храната е фантастична, глетката е преубава, сите мои домаќини биле неверојатни и ме третираа како кралица. Како што приметив, така го третираат секој свој гостин. Без разлика од каде доаѓа.
Затоа знам дека одлуката на градоначалникот на Пула нема врска со начинот на којшто размислуваат граѓаните на Пула и Истра. Поминав доволно време во Пула и во Истра за да ги запознаам. Ѓубрето нема нација. Ѓубрето не може да биде српско или хрватско. Ѓубрето е, едноставно, ѓубре. Гледам дека го имаме и во Србија и во Хрватска во еднаква количина.
Би сакала да ви дадам еден животен совет: Кога не ви се допаѓа програмата на телевизија, сменете го каналот. Кога не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Кога не ви се допаѓа концертот, не купувајте карта. Многу е едноставно.
Се гледаме во Осиек“, напиша Бекута на Инстграм.
View this post on Instagram
Од продукцијата „Хилјадарка“, кои се организатори на овој концерт, споделија дека настанот ќе се одржи на истиот датум, меѓутоа во хрватскиот град Осиек.