Украински војници на заеднички воени вежби со западни сили во американски центар за обука во Германија - Фотографија ЕПА, Филип Гејанд

Американските сили во напад во Ирак убија водач на проиранска вооружена група

Водачот на проиранската вооружена група што учествувал во нападите врз американските сили денеска е убиен во Ирак во напад на американските сили, пренесува Франс прес.

„Нападот беше чин на самоодбрана. Нема повредени цивили. Нема погодени објекти“, рече неименуван американски претставник.

Агенцијата АП претходно објави дека високиот командант на ирачките вооружени формации поддржани од Иран е убиен  во напад од група шиитски единици во Багдад.

Нападот беше извршен за време на зголемени тензии на Блискиот Исток, поттикнати од војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас и стравувањата дека конфликтот може да се прелее во околните земји. Ирачките власти бараат коалициските сили предводени од САД да ја напуштат земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот