Американскиот војник од Северна Кореја го вратија во САД/Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Американскиот војник кој пребегна во Северна Кореја сега е обвинет за дезертерство

Американскиот војник Тревис Кинг, кој пребегна во Северна Кореја во јули пред да биде депортиран во САД минатиот месец, е обвинет за дезертерство. Дезертерството е многу сериозно обвинение и може да резултира со затворска казна до три години, пренесува Би-Би-Си.

Кинг е обвинет и дека минатата година бил насилен со полицајци, нелегално поседувал алкохол, давал лажни изјави итн.

Во јули, тој пребегна преку границата со Северна Кореја, со што стана првиот Американец приведен во таа земја во речиси пет години. По речиси два месеци, од Пјонгјанг одеднаш беше објавено дека ќе го протераат.

Неговото ослободување беше олеснето од шведски официјални лица кои го одведоа Кинг до кинеската граница, каде што беше пречекан од американскиот амбасадор во Кина, Николас Барнс, шведскиот амбасадор во Пекинг и претставници од Министерството за одбрана на САД. Тој потоа беше префрлен во американска воена база во Јужна Кореја пред да биде префрлен во САД.

Бидејќи, како што изјави, доброволно ја преминал границата, во текот на целиот процес законски бил задржан во воен притвор.

Тој пристигна во воздухопловната база во Тексас на 28 септември.

Западните власти рекоа дека не знаат зошто Северна Кореја одлучила да го ослободи Кинг од притвор, но мислат дека Пјонгјанг утврдил дека како војник од низок ранг нема пристап до важни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот