
Американски сенатор: Ропството е „неопходно зло“ врз кое е изградена американската нација
Сенаторот на американската сојузна држава Арканзас, Том Котон негира дека САД во суштина се расистичка земја, опишувајќи го ропството како „неопходно зло“, врз кое е изградена американската нација, пренесува Би-Би-Си во понеделникот.
Препорачано
Котон за еден локален весник рекол дека го отфрла тврдењето дека САД се „системски расистичка земја во своето јадро“.
„Ние мора да ја проучуваме историјата на ропството и нејзината улога и влијание врз развојот на оваа земја затоа што во спротивно не можеме да ја разбереме нашата сопствена земја“, изјавил тој за весникот „Арканзас Демократ Газет“.
„Како што рекоа основачките татковци, тоа беше неопходно зло на кое се градеше унијата, но на некој начин, како што рече Абрахам Линколн, тоа ропство е конечно искоренето“, рекол Котон.
Сенаторот е остар критичар на протестите што избувнаа низ целата земја по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, жртва на полициската бруталност.
Тој, во колумна на „Њујорк Тајмс“, ги нарекол протестите „оргии на насилство“ и го поддржал претседателот Доналд Трамп да ја искористи војската за да ги задуши немирите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5