Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Американски гигант отпушта две илјади работници

Американската нафтена и гасна корпорација Exxon Mobil денес објави дека ќе отпушти 2.000 работници ширум светот како дел од реструктуирањето, што претставува помеѓу три и четири проценти од нејзината работна сила. Exxon моментално вработува околу 61.000 луѓе низ целиот свет, а процесот на реорганизација следеше по минатогодишното преземање на американската компанија PNR вредна 60 милијарди долари.

Одлуката е продолжение на поширок бран отпуштања во нафтената и гасната индустрија, која е погодена од падот на цените на нафтата и консолидацијата на големите играчи на пазарот, објавува Ројтерс.

Глобалниот енергетски сектор со месеци минува низ бран на намалување на работните места. „Шеврон“ планира да отпушти помеѓу 15 и 20 проценти од својата работна сила, „Бритиш петролеум“ повеќе од пет проценти, додека „КонокоФилипс“, со седиште во Тексас, најави намалување на цената од дури 25 проценти.

Цената на суровата нафта од типот „Брент“ падна за околу 10,5 проценти од почетокот на годината, поттикната од зголеменото производство на ОПЕК и неизвесноста околу трговската политика на САД.

Аналитичарите предупредуваат дека континуираната нестабилност на пазарот и одложувањата на инвестициите дополнително ќе ги оптоварат енергетските компании, бидејќи „Ексон“ и неговите конкуренти бараат начини да ги прилагодат своите операции на новите услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот