
Американски дипломат: Украина не е тема на руско-американските разговори во Истанбул
Американските и руските официјални лица нема да разговараат за политички и безбедносни прашања, ниту за војната во Украина на состанокот во Истанбул утре, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Препорачано
Исто така, неименуван функционер во американската амбасада во Анкара изјави дека двете делегации ќе разговараат за прашања кои влијаат на работата на дипломатските претставништва на двете страни, пренесува Ројтерс.
Делегации на Русија и САД утре ќе одржат технички разговори во Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
„Како што постојано повторивме, Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, објави претходно Ројтерс, истакнувајќи дека учесниците, точното време и локацијата на состанокот сè уште не се објавени.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека утре во Истанбул ќе се одржи руско-американска средба за нормализација на работата на амбасадите на двете земји.
Тој посочи дека врз основа на резултатите од таа средба ќе биде јасно колку брзо и ефикасно ќе можеме да „одиме напред“, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
14мин
-
28мин
-
41мин
-
57мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5