Брод плови кон Црвено Море додека ескалираат нападите од Хутите/ Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

Американската војска погодила проектил на јеменските хути што му се заканувал на американски авион

Американските сили денеска уништија проектил на јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, што претставувал „непосредна закана“ за авион на Вашингтон, соопшти американската војска.

Американските сили „погодија и уништија ракета земја-воздух на хутите, подготвена за лансирање“, откако утврдија дека таа „претставува непосредна закана за американски авион“, се вели во соопштението на Централната команда објавено на социјалните мрежи.

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата.

Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот