Сенат на Соединетите Американски Држави / EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американската Влада нема да биде блокирана, усвоен Нацрт закон за привремено финансирање

Американските пратеници во последен момент усвоија привремен нацрт-закон за финансирање за да не се блокира американската влада.

Во Конгресот синоќа се случи изненадувачки пресврт и се изгласа закон за финансирање на американската Влада, со што во последен момент се спречи очекуваната блокада.

Законот доцна синоќа го поддржаа и демократските и републикански пратеници, и го испратија на одобрување на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден непосредно пред крајниот рок на полноќ. Бајден стави потпис на законот за привремено финансирање.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти ја предложи мерката за привремено финансирање, која беше усвоена од 335 пратеници, а 91 беа против.

После тоа, законот помина во Сенатот, каде мнозинството го сочинуваат демократите. Планирано е администрацијата да се финансира со итни средства во наредните 45 дена, до 17 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот