Амбасадорката Агелер и претседателот на РФМ Живко Мукаетов на трибините во Вараждин / фото: Фејсбук / Американска амбасада во Скопје

Американската амбасадорка Агелер обвиена во навивачки шал ја бодреше Македонија во Вараждин

Американската амбасадорка Анџела Агелер вечерва ја бодреше македонската ракометна репрезентација од трибините во хрватскиот град Вараждин, каде нашите ракометари играа одлично и за малку ја испуштија победата, освојувајќи бод против еден од фаворитите на ова светско првенство – Унгарија.

Амбасадата на „Фејсбук“ му посака среќа на македонски тим предводен од селекторот Кирил Лазаров и ја објави фотографијата од амбасадорката, придружена од претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот