Ајлин Гу и го донесе третиот златен медал на Кина/ фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Американката Гу ја „позлати“ Кина

Ајлин Гу која е родена во Сан Франциско, но настапува за Кина за Зимските олимписки игри во Пекинг, го освои златниот медал во слободно скијање во дисциплината „Биг Ер“.

Гу пред последната серија се наоѓаше на третото место, но со совршен скок кој и донесе 94.50 поени, на
крајот успеа да го освои златниот медал.
На крајот Гу освои 188.25 бодови и до најсјајното одличје дојде со помалку од еден бод.

Сребрениот медал и припадна на Французинската Тес Ледо кој беше водечка по два скока, но потфрли во последниот и со вкупно 187.50 бодови мораше да се задоволи со второто место.
Швајцарката Матилда Гримо го освои бронзениот медал со 182.50 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот