фото: kkpelister.mk

Американецот Остин Прајс е нов кошаркар на Пелистер

Американскиот кошаркар Остин Прајс е најново засилување на кошаркарскиот клуб Пелистер по потпишувањето на договор на една сезона со 29-годишниот бек.

Прајс е второто странско засилување за „зелено-белите“ откако претходно беше потпишан договор со Србинот Никола Малешевиќ.

Станува збор за кошаркар со богато искуство во европската кошарка, кој минатата сезона настапуваше во романскиот шампионат како член на Плоешти, каде Прајс имаше просек од 9,6 поени, 2,4 скокови и 1,3 асистенции по натпревар.

Американецот претходно три сезони помина во холандски Ден Бош, беше дел и од израелскиот шампионат како член на Макаби Ра’анана и на Ирони Нес Зиона, а прв ангажман во Европа му беше потписот за бугарски Берое во 2019 година.

Прајс ќе пристигне во Битола во текот на денешниот ден и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Даскаловски.

Ново име во Битола: Пелистер се засили со репрезентативец на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!