Американец го собори рекордот на најмногу Биг Мекови изедени во својот живот, за половина век изел над 34.000 сендвичи / Фото Јутуб

Американец го собори рекордот на најмногу Биг Мекови изедени во својот живот, за половина век изел над 34.000 сендвичи

Не постојат многу луѓе кои би се обложиле да го видат Дон Горске во неговите 70-тите години, знаејќи ја неговата половина век стара навика секојдневно да јаде Биг Мек хамбургери од Мекдоналдс.

Но, намалувањето на оброците на два дневно (наместо неговиот претходен максимум од девет), избегнувањето на помфрит и пешачењето десет километри дневно не само што му помогнало да стане седумдесетгодишник – тоа исто така му овозможило да го продолжи својот Гинисов светски рекорд за најмногу Биг Мекови изедени во текот на животот на повеќе од 34.000.

„Многу луѓе мислеа дека ќе бидам мртов до сега“, рече 70-годишниот Горске. „Но, наместо тоа, јас бев еден од подолготрајните рекордери во Гинисовата книга на рекорди, па тоа ми е прилично кул“.

Тешко е да се прецени колку Мекдоналдс и неговиот главен производ биле централни за идентитетот на пензионираниот затворски службеник од Фонд ду Лак, Висконсин. Тоа е случај и покрај долгогодишните предупредувања од експерти кои велат дека редовното консумирање брза храна, вклучително и Мекдоналдс, може да придонесе за зголемување на телесната тежина, дебелина, срцеви заболувања и други здравствени проблеми, бидејќи оброците се густо преполни со калории, натриум, шеќер и масти.

Горске раскажа како започнала неговата љубовна врска со Биг Мек веднаш штом го имал првиот на 17 мај 1972 година. „Во тој момент реков: „Веројатно ќе ги јадам овие до крајот на мојот живот. Ги фрлив картоните на задното седиште и почнав да ги бројам од првиот ден“ вели тој.

Тој ја чува секоја сметка за секој Биг Мек што го изел.

Горске рече дека неговата мајка се загрижила поради неговата фасцинација со Биг Мек и се обидела да ја заузда со тоа што го терала да ѝ вети дека дневно ќе јаде еден оброк кој не е Биг Мек. Но, таа се откажала од тоа во 1981 година.

„Таа рече: „Ако не те убиле до сега, продолжи“ објасни тој.

Горске секој ден возел до Мекдоналдс, нарачувал до девет Биг Мекови и го јадел секој од нив. Но, Горске сега обично оди во Мекдоналдс двапати неделно, нарачува неколку Биг Мекови и откако ќе изеде еден, другите ги носи дома и ги топли во микробранова печка за подоцна. Горске рече дека не се оддалечува многу од Биг Мекот, понекогаш лижејќи сладолед, јадејќи овошни чоколади или чипсови.

Тој се одржувал во најдобрата можна физичка форма со тоа што го не доручкувал, не го јадел помфритот кој доаѓал со Биг Мекот и пешачел половина по десет километри дневно.

Ваквите напори кулминирале кога Гинис му ја даде титулата светски рекордед за најмногу Биг Мекови изедени во текот на животот во 1999 година. „Немам намера да се менувам. Сè уште ми е омилено јадење“.

И во текот на 2023 година, тој изел 728 Биг Мек – нешто помалку од два дневно – за да го зголеми својот вкупен број на 34.128. „Не, сè уште не го изгубив апетитот за хамбургерите, и да, има многу простор за повеќе“, тврди тој.

„Кога нешто ми се допаѓа, постојано се држам до него“, вели Горске. „Луѓето кои ме гледаа како јадам Биг Мек често коментираат дека изгледам како да јадам за прв пат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот