Северна и Јужна Кореја граница EPA-EFE

Американец без дозвола влегол во Северна Кореја, веднаш го уапсиле

Американски државјанин без дозвола преминал од Јужна во Северна Кореја, соопшти денеска американската команда во тој азиски регион.

Се вели дека тој се шетал во Заедничката безбедносна област (ЈСА), погранично село во демилитаризираната зона што ги дели двете земји, а потоа влегол во Северна Кореја без дозвола, објави Скај њуз.

„Американски државјанин во областа ЈСА, без дозвола, премина во Северна Кореја. Веруваме дека тој моментално се наоѓа во притвор и работиме со нашите јужнокорејски воени партнери за да го решиме инцидентот“, објави американската команда на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот