Замена на постоечки и инсталирање нови инструменти на дел од мерните станици за квалитетен воздух

 Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека до 9 април 2021 година ќе има прекини во работата на дел од станиците или на дел од инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот.

Прекините што почнаа од вчера се поради замена на дел од постоечките инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри микрометри (РМ10), озон, азотни оксиди и уреди за меморирање на податоци и управување со инструменти.  Дополнително, како што се наведува, ќе се инсталираат и нови инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 2,5 микрометри (РМ2,5).

Оваа активност е дел од проектот „Подршка на Северна Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа на животна средина” со Шведската агенција за заштита на животната средина и Амбасадата на Кралството Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот