Љубомир Фрчкоски фото архива на Слободен печат

Амбасадорот во ОН, Фрчкоски, повикан на консултации во МНР

Македонскиот амбасадор во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдија од МНР за МИА.

-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството – велат оттаму.

Од Министерството информираат дека за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено известена.

Телевизија Канал 5 вчера објави дека Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството, а како причина за неговото враќање, „освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните – претставништва“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот