EPA/EFE - STRINGER

Амбасадорот на Србија во Дамаск и персоналот, ја напуштија Сирија

Амбасадорот на Србија во Сирија, ја напуштил земјата со целиот персонал на амбасадата, откако беше објавен повик српските државјани да ја напуштат Сирија.

Се евакуирал и персоналот на амбасадата, објави Н1.

Амбасадата на Србија во Дамаск во петокот ги повика граѓаните на Србија итно да ја напуштат територијата на Сирија.

Амбасадата на Србија во Дамаск ги повикува сите српски државјани итно да ја напуштат територијата на Сирија, напишаа оттаму додавајќи дека состојбата во земјата е комплексна и непредвидлива.

Дел од територијата на Сирија е под контрола на различни бунтовнички и терористички групи, константно се изведуваат борбени дејства на целото подрачје како и ракетни напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот