Алтипармаков: Граѓанскиот сектор треба да стане дел од сериозните политички платформи

Јане Алтипармаков - Фото: Слободен печат

„Гледам преку некој општествен активизам да ги канализирам моите пориви за општествено делување. Се разбира дека имам некои свои приоритети и имам некои свои наклоности кон одредени платформи. Се надевам дека така и ќе остане, а дали ќе се активирам дополнително тоа времето ќе покаже, бидејќи сепак годините поминуваат и работата кај нас некако се вжештува. Како активист планирам да продолжам“ рече Јане Алтипармаков, филмски работник и режисер во интервју за „Слободен печат“.

Тој додаде дека политичките партии се затворени за активистите, но дека граѓанската сцена е јака.

„Граѓанската сцена е јака, знаеме што се случуваше отприлика пред десеттина години кога направи голем притисок за да се сменат работите. Таа сцена е активна преку константно организирање на работи, така што мислам дека е крајно време и граѓанскиот сектор да стане дел од сериозните политички платформи“, заклучи Алтипармаков.

Целиот разговор со Алтипармаков можете да го погеднете на слениот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот