фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Алтај Бајиндир е новиот голман на Манчестер јунајтед

Официјално Алтај Бајиндир е новиот голман на Манчестер јунајтед со договор кој ќе трае до јуни 2017, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Овој 25-годишен турски чувар на мрежата во кариерата запиша 166 настапи, а 53 пати не дозволил да се затресе неговата мрежа.

Минатата сезона беше еден од клучните играчи за Фенербахче со кој го освои Купот на Турција и заврши како второпласиран во шампионатот.

– Огромна чест е да се биде во Манчестер јунајтед и да станам првиот турски играч кој го претставува овој неверојатен клуб. Имам страст за успех и ќе го дадам максимумот да им помогнам на соиграчите да се остварат клупските амбиции – вели Бајиндир.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг на голманската позиција ги има и Камерунецот Андре Онана и Том Хитон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот