Гласање за член на Судскиот совет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Алсат“: Ќе се утврдува одговорност на судијата Пајазити за бегството на Блерим Рамадани

Телевизијата „Алсат“ неофицијално дознава дека Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, по иницијативата која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани.

Рамадани беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија. Тој потоа избега од куќен притвор додека постапката за екстрадиција во Србија беше во тек.

Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од Советот поради немање доволно докази.

Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари, објави „Алсат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот