фото: RK Alkaloid@facebook

Aлкалоид пристигна во Германија, против Хановер ја започнува европската сезона

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид пристигна во Германија, каде што ќе го започне своето ново европско поглавје. Освојувачот на ЕХФ Купот нема лесна задача, ждрепката за плеј-офот го спои со бундеслигашот Хановер, но во таборот на „сините“ од Автокоманда владее борбен дух и оптимизам.

Од клубот порачаа дека тимот е подготвен за предизвикот:

„РК Алкалоид пристигна во Германија и е подготвен за првиот меч со РК Хановер Бургдорф во Европската лига на ЕХФ“, стои во ообјавата на социјалните мрежи.

Алкалоид имаше одлични подготовки пред стартот на сезоната и забележа седум победи на седум контролни натпревари, па така помеѓу избраниците Кире Лазаров владее оптимизам.

Натпреварот помеѓу Хановер и Алкалоид се игра утре во терминот од 17:00 часот и истиот ќе оди во директен пренос на МТВ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RK Alkaloid (@rkalkaloid)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот