Фото: РК Алкалоид

Алкалоид: Ова е потврдата за квалитетот на нашиот тим и македонскиот ракомет!

Екипата на Алкалоид од денеска и официјално е шампион во ЕХФ Европскиот куп откако Европската ракометна федерација го додели реваншот со службен резултат од 10-0 во корист на тимот од Автокоманда.

По потврдата Алкалоид се огласи и преку социјалните мрежи порачувајќи дека овој трофеј е голем успех и за македонскиот ракомет.

„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.

По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!“, објави Алкалоид.

EХФ не направи циркус: Алкалоид го освои својот прв европски трофеј!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот