фото: РК Алкалоид

Алкалоид ја оправда фаворитската улога во плејофот против ГРК Тиквеш

Во второто коло од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига екипата на Алкалоид во Автокоманда го совлада ГРК Тиквеш со 34:27.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамјан Митев и Мартин Серафимов, двајцата дадоа по шест голови. Голманот Марко Кизиќ запиша 11 интервенции.

На спротивната страна по седум погодоци имаа Игор Кривокапиќ и Аби Обина.

Алкалоид е на третото место на суперлигашката табела со четири бодови, додека Тиквеш е петтопласиран со еден бод.

Во следното коло Алкалоид на 13 април ќе му гостува на Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш истиот ден ќе го пречека Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот