Кедев-Алиу / Фото: Министерство за здравство

Алиу се сретна со Кедев: Приватните болници до 15 септември треба да дадат отчет за извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Алиу на средбата потсетил дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи се задолжени од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции.

Министерството за здравство се фрли на работа: Се проверува дали во приватните болници пациенти се оперираат без потреба, само за профит како што тврди Сашко Кедев

Од Министерството за здравство наведуваат дека се отворени за соработка со сите чинители и ги повикуваат сите засегнати страни кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до нив.

-Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството за здравство и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот – се вели во соопштението.

Министерството за здравство се фрли на работа: Се проверува дали во приватните болници пациенти се оперираат без потреба, само за профит како што тврди Сашко Кедев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот