
Алисија Викандер и Мајкл Фасбендер станаа родители по вторпат: Актерката откри дека се породила во тајност
Шведската актерка Алисија Викандер (35) откри дека таа и нејзиниот сопруг, ирскиот актер Мајкл Фасбендер (46), станале родители по вторпат. Таа ја сподели убавата вест за време на заедничкото интервју со колешката Тејлор Расел од филмот „Надеж“ („Hope“) за модното списание „Ел“.
Препорачано
Истакнувајќи дека Викандер штотуку го добила своето второ бебе кога ја запознала, Расел вели дека „била импресионирана“ од тоа како актерката се појавила откако „направила нешто толку интензивно“.
„Сите жени имаат толку различни искуства и, дефинитивно, ми беше потешко да поминам низ тоа по вторпат. Но, мислам дека физичката активност помогна“, вели Викандер.
„Поминувањето низ тие девет месеци е како маратон, така што помага ако сте силна да влезете во него. Тоа е многу физички напорно и имам толку многу восхит за секоја жена што го направила тоа. Се породив четири пати на екранот пред да го направам тоа сама. Како актер, твојата работа е да се преправаш, но секогаш кога требаше да се породам, на секоја жена на снимањето ѝ велев: ‘Жал ми е’. Се чувствував како таков измамник“.
Да потсетиме, Викандер и Фасбендер се родители и на син, кој го добија во 2021 година.
Во разговор за „Сандеј тајмс“, направен во 2022 година, актерката зборуваше за родителството и откри дека доживеала „екстремен и болен“ спонтан абортус.
„[Спонтаниот абортус] беше толку екстремен, болен и, се разбира, ме натера да се сетам на снимањето на тој филм“, изјави таа за Тајмс за нејзината улога во „Светлината меѓу океани“ („The Light Between Oceans“).
„Понекогаш поминуваш низ работи кои се тешки во животот и ако имаш канцелариска работа, можеш да се оддалечиш малку. Но, има моменти кога јас или колегите поминуваме низ нешто и не можам да разберам како потоа поминауваме по црвениот тепих. Со оглед на тоа низ што поминале, повеќето луѓе нема да можат да излезат од својата куќа“.