фото: KF Bashkimi 1947

Алими: И реми против Шкендија би било прифатливо за нас

Екипата на Башкими зад себе го остава тешкиот пораз од Струга Трим Лум (5:0) и со убедлива победа од 4:0 против Победа како гости, во рамките на 1/16 финалето на Купот на Македонија, го подигна оптимизмот пред натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

Кумановскиот тим денеска во петтото коло од шампионатот (15.30 часот) ќе гостува кај Шкендија на Градскиот стадион во Тетово, а овој натпревар ќе има посебно значење за капитенот Арменд Алими, кој својата кариера ја започна токму во Башкими, а потоа подолг период беше дел од тетовските „црвено-црни“.

Алими истакна дека враќањето во Тетово секогаш буди посебни емоции за него, бидејќи настапува против клуб во кој поминал речиси половина од својата кариера и кој, како што вели, секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Капитенот нагласи дека екипата имала доволно време да се опорави и да ги анализира грешките од поразот против Струга, додавајќи дека атмосферата во тимот е позитивна и дека очекува квалитетен настап во дербито:

– Влегуваме во секој натпревар со цел да освоиме три бода, истото ќе биде и во Тетово. Сепак, свесни сме дека играме против силен противник и дека дури и нерешен резултат би бил прифатлив за нас – изјави Алими кој воедно потенцираше дека Шкендија е тим со голем квалитет и капацитет, без изразени слабости, но дека фокусот на Башкими е ставен на сопствената игра и на начинот на кој ќе му пристапат на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот