фото: kff.kz

Алиев: Нема да ни биде лесно, Македонија е многу добар и квалитетен тим

Денеска од 16.00 часот во Астана македонската фудбалска А репрезентација ќе игра против Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026.

По ремито со Белгија, нашите најдобри фудбалери ќе се обидат да дојдат до триумф и да останат во трката за учество на Мундијалот.

Противникот во изминатиот период одигра пријателски натпревар во Борисов каде што загубија од Белорусија со 4:1.

Селекторот на Казахстан, Али Алиев ги сподели очекувањата во пресрет на денешниот дуел со Македонија:

– Го гледавме нивниот натпревар против Белгија, ги гледавме сите натпревари на противникот во квалификациите. Направивме анализи и им ги покажавме на играчите. Македонија има силни играчи кои настапуваат во најдобрите клубови и во најсилните европски лиги. Станува збор за многу добар и квалитетен тим. Во мечевите против Велс и Белгија покажаа карактер. Нема да ни биде лесно, Македонија има свој стил на игра, но јас верувам во моите фудбалери – се зборовите на Алиев на официјалната веб-страница на Фудбалската федерација на Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот