фото: kff.kz

Алиев: Дадовме сè од себе, се боревме, но среќата не беше на наша страна

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денеска славеше со 1:0 на гостински терен против Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026.

Тоа е втор триумф за нашите најдобри фудбалери во мундијалските квалификации и ги одржуваат шансите за пласман на Мундијалот.

Казахстан се покажа како незгоден противник во Астана пред своите навивачи, среќата не беше на нивна страна, двапати погодија статива и еднаш пречка.

Селекторот на Казахстан, Али Алиев не е задоволен од резултатот, но дефинитивно е среќен поради перформансите кои ги покажаа неговите играчи на овој натпревар:

– Не го гледаме резултатот, ова беше одличен натпревар за репрезентацијата на Казахстан. Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа да го поддржат тимот во Астана. Моите фудбалери дадоа сè од себе на теренот. Ветивме дека ќе се бориме за земјата, за знамето, а денеска навивачите видоа бескомпромисна борба на целиот терен. За жал, среќата не беше на наша страна, но генерално создадовме шанси – рече Алиев по одигрувањето на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот