Instagram
Instagram

Ален Исламовиќ се вакцинирал против коронавирусот во Белград: Го направив тоа поради моето семејство

Пејачот Ален Исламовиќ сподели со јавноста дека се вакцинирал против коронавирусот во Белград.

„Како прво, го правам тоа поради моето семејство, кое на овој начин ќе го заштитам и поради драгите пријатели со кои се дружам и работам. Вакцинацијата е потребна и би било добро да го направите тоа“, изјавил тој.


Тој притоа додал дека немал несакани нус појави по примањето на вакцината, пренесува „РТС“.

„Сè уште сум расположен за луѓе, за добри свирки, концерти, затоа мојата препорака е: Вакцинирајте се! Би сакал да им се заблагодарам на Србија, на моите пријатели овде во Србија, кои ми овозможија да се вакцинирам и да се чувствувам убаво и здраво и да се вратам во студиото и да создавам нови песни“, ијавил пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!