фото: принтскрин/facebook.com/hceurofarmpelister

Александар Зарков е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток.

За остварување на целта, која е враќање во Суперлигата, ангажирана е една од клупските легенди на битолски Пелистер, Александар Зарков за нов тренер.

Поранешниот македонски репрезентативец по кратката епизода во Грција се врати во Битола и ќе продолжи да работи на проектот со млади ракометари.

Има акумулирано тренерско искуство во нашите лиги, а посебно во работа со ракометари во развој.

Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога е официјалната прозивка на екипата на Еурофарм Пелистер 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот