фото: Filip Viranovski/RFM

Александар Стефанов е новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија

Александар Стефанов со акламација на редовното изборно Собрание беше избран за нов претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Драган Начевски претходно ја повлече својата кандидатура да ја води федерацијата.

Па така, Стефанов беше единствен кандидат за функцијата прв човек на македонскиот ракомет.

Тој едногласно ја доби поддршката на сите делегати на Изборното собрание во Скопје.

Доаѓа како наследник на Живко Мукаетов кој 12 години ја извршуваше должноста претседател на РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот