
Александар Лукашенко за Си -Ен -Ен: Нема за што да му се извинам на белорускиот народ
Во ретките интервјуа кои ги дава за западните медиуми, во случајов за Си -Ен -Ен, белорускиот претседател Александар Лукашенко зборуваше за опозицијата во неговата земја, за дилемата дали да му се извини на белорускиот народ, но и за односите со Европската унија.
Препорачано
Лукашенко негира каква било одговорност за она што се случува во неговата земја.
На прашањето на новинарот на СНН дали ќе ја искористи оваа прилика да му се извини на народот на Белорусија за прекршувањата на човековите права што ги претрпеле од неговото владеење , Лукашенко, одговорил дека не би сакал и да сметал дека треба да се извини тоа би го направил преку белоруските медиуми. Која би била целта да се направи тоа на Си -Ен -Ен, мислам дека ова не е релевантно прашање и во принцип нема за што да се извинувам, изјави белорускиот престедател
На обвинувањето на Хјуман рајтс воч дека повеќе затвореници пријавиле тортура во во центрите за притвор кои се претворени во простории за мачење на уапсените опозициони демонстранти, Лукашенконегираше посотење натакви центри за притвор,
Тој потсети дека такви центри имаат САД пред се во Гвантанамо Гвантанамо и оние бази што САД ги создадоа во Источна Европа.
Што се однесува до нашите центри за притвор каде што ги чуваме обвинетите или оние под истрага, тие не се ништо полоши отколку во Британија или САД. возврати Лукашенко
Лукашенко беше прашан и за последните престедсателски избори за кои е обвинет од белоруската опозиција дека со лажирани резултати се прогласил за победник, а вистинската победничка опозиционата политчарка Свијатлана Циханускаја ја уапсил.
Лукашенко одговори дека не ги дели политчарите на мажи и жени
„ Лидерот на опозицијата е некој што живее во оваа земја и има различен став. Тие водат кампања за да го реализираат овој алтернативен поглед. Во Белорусија нема опозиционери . туку само луѓе кои се платеници на САД, обвини Лукашенко
За апсењето на лицата кои спроведуваат опозициски активности Лукашенко кратко одговори
„Доколку некој е револуционер и самиот се вклучил во револуцијата, згора на тоа, обидете се да освои набрзина со странски пари, тогаш мора да бидат подготвени на се. Па и на затвор“, изјави Лукашенко во интервјуто на СНН.