
Алек Болдвин доби нова тужба за нанесување на физичка и психичка повреда
Американскиот актер Алек Болдвин се соочува со уште една тужба која дојде по трагедијата што се случи на снимањето на филмот „Rust“ во октомври 2021 година. Тројца членови на филмската екипа во петокот поднеле нова тужба против Алек Болдвин и продуцентите на филмот, тврдејќи дека снимањето, кое заврши со трагедија, им нанело физичка и психичка повреда. Тужбата се однесува на невнимание и намерно нанесување емоционална вознемиреност, пренесува „People“.
Препорачано

Болдвин, неговата компанија El Dorado Pictures и Rust Movie Productions LLC се именувани како обвинети во случајот.
„Овие повреди се предизвикани поради непочитување на безбедносните правила од страна на обвинетите. Обвинетите ги игнорирале правилата за ракување со огнено оружје. Брзале да го завршат филмот и немале доволно кадар“ – се наведува во тужбата, пишува „People“.

„Продукцијата на вестерн филм со тешко оружје имаше потреба од искусен експерт за огнено оружје и раководство кое се грижи за безбедноста. „Rust“ го немаше ниту едното ни другото“, рекол адвокатот во изјава за „People“.
Самиот Болдвин официјално се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за убиство од небрежност, покренати против него.
Повлечено обвинението против Алек Болдвин: Дали актерот се спаси од максимална казна затвор?