фото: EPA/MALTON DIBRA

Албанските репрезентативци добија забрана да даваат изјави пред квалификацискиот дуел против Србија

Фудбалскиот сојуз на Албанија донесе одлука да им забрани на репрезентативците да даваат било какви изјави пред октомврискиот квалификациски натпревар против Србија, кој ќе се одигра во Лесковац.

Одлуката е донесена за да се избегне дополнително вжештување на атмосферата, особено поради политичките тензиите помеѓу двете земји.

Албанските медиуми истакнуваат дека фудбалерите често даваат патриотски изјави, кои може да се протолкуваат како провокација, па сојузот реши да преземе мерки за да се спречат инциденти.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот