Фото: Твитер

Албанија се поблиску до ЕУ – во септември и октомври ќе ги отвори двете последни поглавја

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда”.

-На 2 септември, Албанија ја поднесе својата преговарачка позиција за следното групно поглавје, додека сега е официјално потврдено дека следната меѓувладина конференција за отворање на групното поглавје на „Зелената агенда“ ќе се одржи на 16-ти овој месец, објавија медиумите.

Додаваат дека отворањето на поглавјата ќе заврши на 2 октомври со меѓувладината конференција каде што ќе биде отворена и последната група поглавја, онаа „Земјоделство и кохезија“.

-Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја, а тоа е отворањето на групните поглавја, додека најголемиот предизвик е нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и приближување на законодавството, оценуваат медиумите.

Албанија досега отвори 4 од 6 групи поглавја, таканаречените Основи, кои се најважни и последни што се затвораат, непосредно пред членството, надворешни односи, внатрешен пазар, Конкурентност и сеопфатен раст.

Амбицијата на владата е Албанија да стане полноправна членка до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос е оптимистка во врска со членството на земјата до 2029 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот