
Алба Берлин ја напушти Евролигата и од следната сезона ќе игра во ФИБА Лигата на шампионите
Официјално, Алба Берлин, 22-кратниот кошаркарски шампион на Германија и освојувач на националниот куп, од следната сезона 2025/26 ќе игра во ФИБА Лигата на шампионите.
Препорачано
Со овој потег, клубот од германската престолнина се враќа на европските натпреварувања под покровителство на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) по 24 години учество во натпреварувања организирани од Евролигата (12 сезони во Евролигата, 12 во Еврокупот/УЛЕБ купот).
Од својата дебитантска сезона во 1990/91 па до крајот на сезоната 2000/01, Алба Берлин помина 11 сезони во ФИБА натпреварувањата, а најголемиот успех го имаше во 1995 година кога сензационално го освои Кораќ купот.
Приклучувањето на Алба Берлин во 10 сезона од ФИБА Лигата на шампионите дополнително ќе го зајакне ова натпреварување и ќе ја поддржи нивната визија за преобликување на екосистемот на клупските натпреварувања.
Оваа одлука доаѓа по заедничкото соопштение на ФИБА и НБА од 27 март, во кое беше најавено истражување на можноста за основање нова професионална машка кошаркарска лига во Европа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
28мин
-
55мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5