Марк Руте, генерален секретар на НАТО/Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Аларм во НАТО поради руските дронови во литванскиот воздушен простор

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше со литванскиот министер за надворешни работи за прашањето за нарушување на литванскиот воздушен простор од страна на руски воени беспилотни летала, изјави денес портпаролот на НАТО.

„НАТО ги сфаќа ваквите инциденти многу сериозно. Остануваме во состојба на готовност и сме подготвени да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, рече портпаролот во Икс.

Министерството за надворешни работи на Литванија испрати писмо до НАТО во кое бара помош за зајакнување на воздушната одбрана, откако два воени дрона влегоа на територијата на земјата од Белорусија минатиот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот