
Ал Келаифи: Меси покажа непочитување кон Пари Сен Жермен
Претседателот на фудбалскиот клуб ПСЖ, Насер Ал Келаифи денеска изјави дека аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси покажал непочитување кон францускиот шампион.
Препорачано
Меси две сезони играше во дресот на париските „светци“, а минатата година го напушти Париз и одлучи кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами.
Аргентинскиот фудбалер во неколку наврати изјави дека му било многу тешко во Пари Сен Жермен и истакна дека не уживал во играта.
– Зборуваме кога сме таму, а не кога нè нема. Имам голема почит кон него, но ако некој сака да зборува лошо за Пари Сен Жермен по заминувањето од клубот, тоа не е добро. Тоа не е почитување. Тој не е лош човек, но тоа не ми се допаѓа. Мојот коментар не е само за Меси, туку за сите – изјави Келаифи за „РМЦ“.
Тој објасни зошто Меси не смееше да го однесе трофејот со Аргентина на Светското првенство во Катар на стадионот „Паркот на принцовите“.
– Ние сме во Франција и Меси го победи Килијан Мбапе. Ние сме француски клуб. Не сакам ни цел стадион да биде против него. Мислам дека треба да го почитуваме тоа – рече Ал Келаифи.