Фото: ЦУК

Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие на територија на цела држава биле регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни пожари има во село Никуштак, општина Липково и на територија на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност викана Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

Од Скопскиот регион изгаснати пожари има на територија на општина Ѓорче Петров – улица „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина Сопиште – село Јаболци – Говрлевска Краста (ниска вегетација) и општина Сарај – село Рашче (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите и во општините Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Струмица, Струга, Кавадарци, Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот