
Активизмот на Џејн Фонда ќе ја спаси планетата: Книгите ми го променија животот
Џејн Фонда (82) прави сè што е потребно за да ja спаси планетата, вклучувајќи го и непотребното купување на облека. Американската актерка, политички активист и поранешен модел неодамна во интервју за „Interview Magazine“ откри дека во нејзиниот плакар има облека и од пред 30 години!
Препорачано

Според Џејн, ова е само еден начин да се избегне непотребно трошење пари за облека и предмети кои веќе ги имаме и се во добра состојба.
„Ние не треба да трошиме толку многу. Мораме да бидеме задоволни со помалку. Се обидувам повеќе да не купувам ништо ново, ниту облека“, изјави таа.

„Но, разбирам и дека можам да го кажам тоа, бидејќи сè уште носам облека што ја носев пред 30 години, а имам многу облека, така што за мене е лесно“, рече ѕвездата од серијата „Grace and Frankie“.
82-годишната актерка ги повика луѓето да обрнат внимание на тоа што го купуваат. А исто така призна и дека кога човек има можност да живее „луксузен живот“ е полесно да се откаже од некои работи.
„Мислам, видете, морам да бидам многу искрена. Јас сум ќерка на Хенри Фонда. Отекогаш сум била привилегирана. Кога не заработував за живот, јас сепак имав заштеди на кои можев да се потпрам“, рече Фонда.

Фонда е активист за заштита на животната средина од 1970-тите години, откри што се сменило во нејзините размисли, што ја натерало да преземе радикални активности на поинаков начин.
„Книгите ми го променија животот во повеќе наврати. Ја прочитав книгата „On Fire: The (Burning) Case for a Green New Deal“ од Наоми Клајн. Имаше нешто во начинот на кој таа зборуваше за науката. Толку јасно и недвосмислено. Тогаш сфатив колку малку време ни останува“, објаснила Џејн.
Актерката, исто така, ги потенцира и заблудите на еколошките движења и страшното влијание на климатските промени врз маргинализираните населби како што се афроамериканските зони.

„Луѓето во овие заедници имаат здравствени проблеми што се пренесуваат од генерација на генерација. Болести на белите дробови, астма, срцеви заболувања. Сите видови на необични карциноми кои се поврзани со токсини со фосилни горива. Неверојатен е бројот на канцерогени хемикалии што се наоѓаат во воздухот“, рече таа.

„Ова е намерно направено. Ова е реалноста во нивните животи и ние мора да ги натераме властите да го слушнат тоа!“, додаде Фонда.