Луси Хејл - Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерката Луси Хејл проговори за зависноста од алкохол: „Првпат се опијанив на 12 години“

Луси Хејл се отвори за нејзината борба со алкохолот и нарушувањето во исхраната, кои се влошија на врвот на нејзината слава, кога играше во серијата „Pretty Little Liars“.

Актерката Луси Хејл се отвори за нејзиниот проблем со зависноста од алкохол во поткастот „Call Her Daddy“ и откри дека нејзиното најрано сеќавање на пиењето било на одмор кога имала само 12 години.

„Се сеќавам дека моето прво искуство со алкохол беше исто како и кога заврши. Се опијанив кога имав 12 години. Не се сеќавам што се случи, знам дека повраќав. Потоа ми се слоши и се сеќавам дека бев толку вознемирена кога сфатив што се случи. Се сеќавам на срамот после секое искуство со пиење бидејќи никогаш не ми беше нормално пиењето. Беше многу јасно дека пиев дури и на млада возраст за да избегам од нешто, дури и во младоста“, изјавила актерка, па се осврнала на тоа како алкохолот влијаел на нејзиното здравје.

„Мислам дека нарушувањето во исхраната го поттикна алкохолизмот и тие некако се разгоруваа еден со друг“, рече таа.

Алкохолот станало нешто за што таа размислувала „цело време“ и се чувствувала непријатно кога била трезна. Таа откри и дека тајно отишла на рехабилитација кога имала 23 години додека глумела во „Pretty Little Liars“.

„Мислам дека никој не знаеше. Тоа беше клучен момент во мојот живот“, додаде таа.

Таа исто така изјавила дека пиењето алкохол станало редовна активност откако наполнила 18 години, но не сфатила дека има проблем до раните дваесетти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот