Фото: freerangestock.com

Ако зборувате на телефон додека поминувате на пешачки ќе платите казна од 40 евра, со слушалки на тротинет или велосипед – 50 евра

Од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се воведуваат нови казни за пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети кои користат мобилен телефон или слушалки додека се движат.

Пешаците кои преминуваат улица со телефон во рака или на уво ќе бидат казнети со 40 евра. За возачите на тротинети, мотори или трактори кои додека возат користат електронски уред или слушалки, казната изнесува 50 евра.

Со новите мерки властите очекуваат зголемена безбедност во сообраќајот и намалување на ризикот од несреќи предизвикани од невнимание.

Од иницијативата „На Точак“ појаснуваат дека предлог-законот не предвидува казни за граѓани кои користат две слушалки или мобилен уред додека се движат по тротоар, пешачки зони или паркови. Казните се однесуваат само на преминување преку коловоз или велосипедски патеки со слушалки во двете уши или со користење електронски уреди.

Организацијата смета дека казните се непропорционални: за возачи изнесуваат 40 евра, за велосипедисти 50 евра, а за пешаци 40 евра – иако тие се најранливи и најмалку виновни во сообраќајни несреќи. Според „На точак“, праведна казна за пешаците би била 20 евра, а за велосипедистите помала од сегашната.

ВИДЕОАНКЕТА | Дали казните ќе спречат зборување на мобилен на пешачки?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот