Фото: Принтскрин/Јутјуб/Colmado Múrria

ВИДЕО | Ако сакате да влезете во месарница во Барселона, мора да платите 5 евра влез

Навиката што ја имаат повеќето луѓе, како во земјава, така и во странство, а која е поврзана со разгледување низ продавниците, во една продавница во Барселона од неодамна не е бесплатна. Имено, дали нешто купиле или не, туристите ќе мора да платат пет евра.

Сопствениците на една стара и популарна месарница во Барселона, која постои од 1898 година, решиле да им застанат на патот на туристите кои влегуваат во нивната продавница само за да се фотографираат и да разгледат.

„Разгледување на продавница – пет евра по лице, благодарам“ стои на влезот во продавницата „Queviures Murri“. Како што рекле за медиумите, на овој начин сакале да ги одучат здодевните луѓе кои само прават метеж во нивната работаа, но ефектот бил сосема поинаков. Секако, додаваат дека тие, всушност, никогаш никому не му наплатиле за влез.

Според зборовите на менаџерот Тони Мерино, никогаш не ни постоела намера да им се наплати влезот на љубопитните набљудувачи, туку да се спречат туристите да го нарушуваат работењето и бизнисот на продавницата.

Како што рекол, шегата во пракса се покажала како делотворна, па натписот останал, а продажбата се зголемила.

Сега, кога посетителите ќе пријдат да ја фотографираат продавницата, често завршуваат со купување на неколку производи.

Освен што оставаат пари, туристите почнале да се однесуваат понормално и покултурно при посетата на продавниците. Главната причина за посетата на туристите во толку голем број се крие во рекламите од дваесеттите години на минатиот век.

Масовниот туризам станува сè поголем проблем во Барселона, а ова не е првпат градот, без разлика дали станува збор за градот или за поединец, да презема мерки против она што го сметаат тие за непожелно однесување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!