Фото: PickPik

Ако на овој начин ги миете јагодите, ќе ги исчистите од пестицидите

Сите ги сакаме јагодите, но тие често се наоѓаат и на помалку ласкави листи, како на пример оние со највисока содржина на пестициди.

Без разлика дали ги купувате на пазар, во продавница или ги берете сами, правилното миење на јагодите е важен чекор пред консумирање.

Зошто е важно добро да се мијат јагодите пред јадење?

Јагодите често се третираат со пестициди кои можат да останат на нивната површина. Тие навлегуваат во ситните пори и не се отстрануваат лесно со обично плакнење со вода. Истражувањата покажуваат дека правилното миење значително ја намалува количината на пестициди.

Во текот на нивното зреење и транспортот, јагодите можат да дојдат во контакт со нечистотија и бактерии. Правилното миење помага да се отстранат овие нечистотии.

Чистите јагоди имаат подолг рок на траење, бидејќи се отстрануваат мувлата и бактериите што го забрзуваат расипувањето.

Најдобрите методи за чистење на јагоди:

Миење, односно купка со оцет

– Измешајте бел алкохолен оцет и вода во сооднос 1:3.

– Потопете ги јагодите во растворот и оставете ги 10 минути.

– Добро измијте ги со ладна вода и исушете ги.

Купка со сода бикарбона

– Во четири чаши вода додадете една лажичка сода бикарбона.

– Потопете ги јагодите и оставете ги 15 минути во оваа мешавина.

– Исплакнете ги под ладна вода и исушете.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот