Ајкула, Фото: Mark Conlin / Alamy / Alamy / Profimedia

Ајкула во Австралија каснала жена за глава

Една 32-годишна жена се здобила со сериозни повреди откако била нападната од ајкула на плажата Порт Ноарлунга во Јужна Австралија. Службите за итни случаи соопштија дека жената била касната за главата околу 13:20 часот по локално време на плажа јужно од Аделаида.

Портпаролот на полицијата објави дека повредите се „сериозни“ и жената е пренесена во медицинскиот центар Флиндерс. Според полицијата, повредите на жената не се опасни по живот. Полицијата и итните служби досега не можеа да ја лоцираат ајкулата откако плажата беше евакуирана, пишува Гардијан.

На граѓаните им било дозволено да се вратат во водата, а патролите разговарале со сведоци. Нападот доаѓа помалку од две недели по фаталниот инцидент во близина на заливот Стрики на западниот брег на Јужна Австралија, во кој 55-годишниот сурфер Тод Џендл беше убиен од ајкула на плажата Гранитс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот