Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски/Фото: Лична архива

Агросојуз: Стопанството не ги доби најважните мерки што ги бараше

Со новите мерки ќе има ограничување на маржата и на производителите и таа ќе биде 4 проценти, исто – 4 проценти ќе биде и маржата во трговијата на големо, а маржата за трговците на мало ќе изнесува 3 проценти

Две најважни мерки за малите компании не се најдоа во економскиот пакет што го спакува Владата – а тоа е субвенционирање на цената на струјата и пуштање на стоковните резерви, изјави за „Слободен печат“ Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агросојуз при Сојузот на стопанските комори на Македонија.

– Добро е што има мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, но да не заборавиме дека народот работи во фирми, и тоа 98 отсто во микро и мали комании. Затоа, во пакетот требаше да има повеќе мерки за компаниите. Сега мерките се сведоа на олеснувања околу земање кредити – оценува Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека иако биле на преговарачка маса со Владата, мерките за кои зборувале дека се неопходни, не влегле во пакетот.

– Ние цело време зборуваме за две неопходни мерки. Бараме субвенционирање на електричната енергија до ниво на регулирана цена која важи за домаќинствата и за дел од малите компании. Бараме и другиот дел од малите компании и средни фирми да влезат во оваа категорија и така да има субвенционирана цена за сите микро, мали и средни компании. Второто барање ни е веднаш да се пуштат стоковните резерви за да има поевтини производи – вели Ѓорѓиевски.

Во однос на маржите, Ѓорѓиевски за „Слободен печат“ откри дека сега има ограничување на маржата и на производителите и таа ќе биде 4 проценти, исто – 4 проценти ќе биде и маржата во трговијата на големо, а маржата за трговците на мало ќе изнесува 3 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот