Бојан Христовски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Агенцијата за национална безбедност почнува со полиграфско тестирање

Агенцијата за национална безбедност започнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.

Законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но поради неспроведување на истата во претходните пет години, негативните реакции и критиките од страна на стручната јавност не изостануваа, велат од АНБ.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во јавните излагања даде ветување дека со сигурност настапува период на исполнување на неспроведената законска обврска, со цел постигнување највисоки стандарди на интегритет, доверба и професионалност во работењето.

Со воведување на полиграфско тестирање во Агенцијата истовремено се остварува даденото ветување и целосно се исполнува предвидената законска обврска. Агенцијата за национална безбедност ракува со информации од највисоко ниво на доверливост. Примената на полиграфот претставува метод за проценка што ќе овозможи селекција на кадар кој ги исполнува највисоките етички и професионални критериуми за работа, проверување на безбедносната подобност на вработените и минимизирање на ризиците од евентуални компромитирачки активности што би ги загрозиле безбедносните интереси, велат од АНБ.

Со примената на полиграфското тестирање правиме значителен чекор кон градење доверба, унапредување на безбедносните практики и стандарди и создавање средина во која интегритетот и професионалноста ќе бидат основни принципи на работењето на Агенцијата за национална безбедност.

Како директорот на АНБ Бојан Христовски, добил диплома за факултет со 7 суштествени повреди, прашува Апасиев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!