
Аферата од концертот на „Колдплеј“ доби ново продолжение: Овој потег од сопружниците никој не го очекуваше
Драмата околу скандалот со љубовниците на концертот на „Колдплеј“ за која дозна целиот свет доби изненадувачки пресврт. Изгледа дека бракот на Енди Бајрон и неговата сопруга Меган Кериган Бајрон можеби сепак не е завршен.
Препорачано
На видеото од јуни оваа година, кога на концерт на „Колдплеј“ Енди беше фатен во интимен момент со тогашната колешка Кристин Кабот, за кратко време стана вирална и многумина беа уверени дека тоа е крајот на нивниот брак. Меган го избриша вечалното презиме од својот профил на Фејсбук, а потоа и целосно го деактивираше.
И Енди и Кристин, поднеле оставки во компанијата „Астрономер“, што дополнително ги зајакна шпекулациите дека брачната приказна и во двата брака е во сериозна криза. Јавноста ја поддржуваше Меган, нарекувајќи ја симбол на достоинство и храброст.
Но, новите случувања носат поинаква слика. Според „Дејли Мејл“, парот во последниве денови бил забележан заедно во Мејн, на пикник на плажа и во прошетка, а она што најмногу привлече внимание е дека и двајцата повторно ги носеле венчалните прстени.
Дополнително, судските документи покажуваат дека не е поднесено барање за развод.
Сè повеќе изгледа дека приказната која летово изгледаше завршена, сепак може да добие ново продолжение и нов почеток.