Фото: Небојша Мандиќ, Профимедиа

Аеродромот во Белград се подготвува за проширување

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград се подготвува за проширување на терминалната зграда и изградба на три дополнителни излези и четири нови места за авиони. Проширувањето вклучува изградба на три дополнителни порти за качување и четири нови места за авиони- пишува Каматица.

Додавањето на излезите C15 – C17 ќе ја зголеми површината на крилото C за дополнителни 18.353 квадратни метри, на вкупна површина од 45.298 квадратни метри. Како дел од претходното проширување и реконструкција, аеродромот досега ја зголеми површината за дополнителни 39.300 квадратни метри, на вкупно 93.651 квадратни метри, со дополнителни 12 порти (вкупно 31) и 11 нови места за авиони (вкупно 38).

Освен планираното инфраструктурно проширување, аеродромот продолжува со својот развој преку отворање нови угостителски објекти. По неколкумесечно одложување, започна изградбата на неколку нови кафулиња на приземјето од Централната зграда, додека работата на новите ресторани во зоната на заминувања е при крај.

Исто така, воведен е нов автоматизиран систем за издавање фактури за такси. Патниците сега добиваат сметка преку автомат за самопослужување, кој потоа му го покажуваат на возачот на одредена такси станица пред да влезат во возилото. Оваа новина има за цел дополнително да го намали присуството на нелегални таксисти кои сè уште се движат низ зоната на пристигнувања, како и да го елиминира претходниот, честопати несигурен систем на рачно издавање фактури. Три машини се поставени во зоната за подигање багаж, а уште една машина се наоѓа во салата за пристигнувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот