Фото: Методи Здравев / Слободен печат

Аеродромци и денеска протестираа против загадувањето од Вардариште

Жителите на Аеродром и денеска продолжија со мирните протести преку кои го искажуваат својот револт и незадоволство поради нерешавањето на проблемот со депонијата во Вардариште.

Четврти ден по ред, граѓаните попладнево повторно ја блокираа клучната раскрсница меѓу булеварите АСНОМ и Србија, барајќи итно решавање на еколошката катастрофа со дивата депонија Вардариште.

Дури и на Денот на независноста, жителите на оваа скопска општина се собраа во 18 часот на мирниот протест, испраќајќи порака до надлежните дека проблемот со загадениот воздух и неподносливата миризба е поитен од било каква прослава.

Протестите започнаа во петокот, како реакција на пожарот што избувна на депонијата пред повеќе од една недела, а кој сè уште предизвикува загадување на воздухот во источниот дел на Скопје.

Како што најавија, граѓаните ќе продолжат со секојдневните блокади во 18 часот сè додека градските и државните власти не преземат конкретни и трајни мерки за решавање на деценискиот проблем со Вардариште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот