
АЕК го претстави најскапото засилување во историјата на клубот
Грчкиот фудбалски клуб АЕК од Атина го дочека едно од најголемите засилувања во клупската историја. Ако не најголемиот, тогаш дефинитивно најскапиот, откако аргентинската ѕвезда Ерик Ламела потпиша тригодишен договор вреден 6.000.000 евра, плус 1.500.000 евра кои ги доби само за потпис.
Препорачано
Ламела пристигна како слободен играч, му истече договорот со Севиља каде настапуваше претходните четири години.
Пред тоа играше за Тотенхем и Рома каде пристигна во 2011 година од Ривер Плата. Потоа му платија 17.000.000 евра, а две години подоцна, кога отпатува во Лондон – 30.000.000.
Играјќи за Тотенхем, Ламела ја освои престижната награда Пушкаш за најдобар гол во сезоната. Беше „рабона“ против Арсенал, преку нозете на Томаш Парти. Истата мајсторија ја изведе и во Лигата на Европа против Астерас, како и играјќи за Ривер. Оттука и најавата во грчките медиуми дека доаѓа „Мистер Рабона“.
Атињаните минатата сезона ја испуштија титулата за два бодови разлика. Во претстојната сезона со Ламела сигурно ќе биде уште поконкурентен. АЕК за три дена официјално ја започнува сезоната во квалификациите за Конференциската лига, а прв ривал е Интер од Андора.